Дома Трансфер зона Така се прави тоа, продавај скапо, купувај ефтино: Бенфика за пет милиони доведува одлично засилување!

Така се прави тоа, продавај скапо, купувај ефтино: Бенфика за пет милиони доведува одлично засилување!

Лисабон е идеално место за враќање на формата на одличниот Уругваец.

Она што некогаш беше Порто, веќе неколку години е Бенфика. „Орлите“ воспоставија апсолутна доминација во португалскиот фудбал и скапо ги продаваат своите играчи, додека од друга страна за релативно мали суми доведуваат одлични засилувања.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоа во главно се млади играчи, меѓутоа, помеѓу нив секогаш има и некој искусен поединец. Таков во овој случај е Гастон Рамирез (26) кој според пишувањето на португалската „А Бола“ во Бенфика пристигнува за сума од пет милиони евра.

Уругваецот со Миделсброу испадна во Чемпиошип, но тој уште во текот на зимскиот преоден рок бараше да замине од клубот, поради што беше отстранет од тимот. Сега е моментот да го напушти „Риверсајд“, а заминувањето во Лисабон би можело да биде идеална опција за продолжување на неговата кариера.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…