Дома Фудбал Мурињо го сакаше во Јунајтед, а сега го пречкрта во Тотенхем

Мурињо го сакаше во Јунајтед, а сега го пречкрта во Тотенхем

Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо дефинитивно го отпишал Дени Роуз.

Иако „Специјалниот“ своевремено сакаше да го доведе во Манчестер Јунајтед, сепак во Тотенхем Мурињо виде дека не поседува квалитет и менталитет да игра на највисоко ниво, па одлучи да го продаде.

Сепак, во моментов единствен клуб кој е заинтересиран е Њукасл и тоа на позајмица. Стив Брус сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе играчот за едногодишна позајмица.

Роуз кај Мурињо целосно падна во втор план, па на левата бековска позиција оваа сезона играат  Јан Вертонген и младиот Танганга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…