Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Џо Кол смета дека титулата не треба да биде доделена на Ливерпул ако првенството не се заврши.
Натпреварувањето во Премиер лигата е суспендирано поради пандемијата на коронавирусот, а извесно е дека нема да продолжи пред мај. На заедничкиот состанок на клубовите на клубовите одлучено е сезоната да се заврши, за што има можност после одложувањето на Европското првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа ако се случи да не биде завршена, иако Ливерпул има 25 бода предност Џо Кол смета дека „црвените“ не треба да бидат прогласени за шампиони.
„Сезоната треба да се заврши колку што може побрзо. Ако тоа не е можно тогаш единственото решение е да се поништи. Секако, секој го сака на што е најдобро за неговиот клуб. Сепак, ако не се најде решение кое ги задоволува сите страни тогаш единствена опција е да се поништи сезоната и да се почне од почеток. Објаснувањето е едноставно – ако трката на 100 метри ја завршите после 70 метри тоа секако ќе предизвика сомневања“, смета Џо Кол.
Инаку на Ливерпул му недостасуваат само уште две победи за и математички да ја обезбеди титулата.