Ќе го задржи ли Шпанецот талентираниот напаѓач во своите редови?
Англиските медиуми пренесуваат дека екипата на Вест Хем е силно заинтересирана во своите редови да го доведе Келечи Инхеначо. Управата на „чеканите“ е спремна на адреса на Сити да испрати понуда од 20 милиони фунти.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Инхеначо покрај Агуеро и Хесус тешко дека ќе успее да дојде до поголема минутажа, па поради тоа негово заминување од „Итихад“ ова лето не би требало да биде изненадување.
Прашање е само дали Манчестер Сити е спремен да го продаде, во овој момент за „граѓаните“ позајмица би била идеално решение.
Покрај Вест Хем претходните денови интерес за овој 20 годишниот Нигериец покажа и Евертон.