Дома Топ вести Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Атлетико Мадрид

Манчестер Јунајтед тргнува по ѕвездата на Атлетико Мадрид

Додека првенството е во застој, Манчестер Јунајтед веќе прави планови за следната сезона и за летните трансфери.

„ЕСПН“ тврди дека главна трансфер цел на „црвените ѓаволи“ во летниот преоден рок ќе биде крилниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Томас Лемар.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


25 годишниот Лемар игра очајна сезона во која се уште нема постигнато погодок, а нема запишано ниту асистенција.

Лемар пристигна во Атлетико како големо засилување, но не се снаоѓа во формацијата на Симеоне, па и самиот инсистира да ја промени средината.

Наводно „црвените ѓаволи“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и започнале преговори за негов трансфер на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…