Дома Фудбал Останато Пеле се смета за најдобар во историјата, а избра и еден од Меси и Роналдо

Пеле се смета за најдобар во историјата, а избра и еден од Меси и Роналдо

Легендарниот Бразилец, Пеле неодамна излезе од болница започна со терапии и сега се чувствува многу подобро.

Пеле и понатаму е интересен за медиумите. Кога Пеле зборува за фудбалот тие зборови сигурно имаат тежина. Пеле се смета самиот себе за најдобар во историјата, а за него во деншниот фудбал најдобар е Кристиано Роналдо.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Тешко е прашањето кој е најдобар играч во историјата. Зико, Роналдињо, Роналдо, Кројфт…Мислам дека Пеле е најдобар. Сите нив ги споредуваат со мене“.

На прашањето кој е најдобар денес немаше многу дилеми.

„Кристиано Роналдо. Сепак, не треба да се заборави и Меси“.

Зборуваше и за Нејмар.

„Тешко е да се брани Нејмар поради сите работи кои ги прави надвор од теренот. Зборував со него и го потсетив на неговата вештина. Немаше среќа бидејќи Бразил не го освои Светското првенство, па тој беше издвоен како главен виновник. Бев два пати со него во Европа. Разговаравме и му кажав: Бог ти дал дар, ти го комплицираш со се што правиш“, порача Пеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Семењо има клаузула која би го олеснила трансферот уште во јануари

Крилото на Борнмут Антоан Семењо, кој е поврзуван со повеќе водечки клубови во Премиер лиг…