Дома Трансфер зона Лука Јовиќ се сели во Серија А

Лука Јовиќ се сели во Серија А

Лука Јовиќ после само една сезона би можел да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.

Јовиќ оваа сезона одигра вкупно 24 натпревари и постигна само два гола, и двата во Ла Лига. „Дон Балон“ наведува дека прв во редот заинтересирани за неговите услуги е италијанскиот гигант Милан.

Се очекува Милан да се раздели со Ибрахимовиќ, а прв на листата желби е токму Јовиќ, кој би можел повторно да игра во тандем до Ребиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…