Дома Фудбал Донесена одлука која додатно ќе ја влоши ситуацијата во Бундеслигата

Донесена одлука која додатно ќе ја влоши ситуацијата во Бундеслигата

Властите во германската федерална покраина Баден – Вуремберг забранија играње на секакви спортски натпревари до 15-ти јуни, но тоа решение сепак може да биде променето во завистиност од ситуацијата со пандемијата на коронавирусот.

Тоа значи дека до 15-ти јуни нема да можат на домашен терен да играат натпревари Хофенхајм и Фрајбург од Бундеслигата, како и Штутгарт, Карлсруе и Ханденхајм од втората германска лига.

Засега натпреварите од германскиот фудбал се стопирани до 2-ри април, но се очекува првенствата да продолжат до почетокот на месец мај. Доколку забраната во оваа покраина не биде променета споменатите клубови нема да можат да играат домашни натпревари.

Претходно, градските власти во Берлин забранија секакви спортски настани до 15-ти април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…