Дома Македонски спорт Кралот на македонското спортско коментаторство – ЗЛАТКО КАЛИНСКИ! (ВИДЕО)

Кралот на македонското спортско коментаторство – ЗЛАТКО КАЛИНСКИ! (ВИДЕО)

Во време кога има недостаток на спортски настани добивме идеја да ве потсетиме на една икона од македонското спортско коментаторство, легендарниот Златко Калински.

Овој човек не беше на теренот, меѓутоа натпреварите ги правеше посебни, беа уживање, едноставно изгледаше како роден за оваа работа. Златко Калински знаеше како секој натпревар да го направи поинтересен, да му даде свој шмек.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Посебно доживување беше кога ги коментираше натпреварите на македонската репрезентација, тука секако преовладуваше и емоцијата, требаше само играчите на теренот да имаат свој ден и ние со неговиот коментар да уживаме пред малите екрани.

Во продолжение ви оставаме неколку видеа да се потсетите на овој легендарен глас…

Губеше глас кога Македонија имаше 2:0 против европскиот шампион во тој момент Шпанија…

На спектакуларен начин ја искоментира победата на Усаин Болт која ја опиша како победа на спортот.

Фантастично дуо беа со Дарко Панчев. Панчев беше тука со своето искуство од теренот да даде стручен коментар на ситуациите, а Калински како и секогаш да не води низ натпреварот.

Неговото емотивно одјавување од финалниот натпревар во Лигата на шампионите. Зборови на кои не можете да не се наежите…

Меѓутоа на наша радост имавме уште една прилика да го слушаме неговиот епски глас и тоа во трката во која Џастин Гетлин на некој начин му се реваншираше на Болт.

Ви предложуваме и да ја погледнете емисијата посветена на него направена од страна на „МТВ“ во која Калински зборува за неговата блескава кариера.

Колку фали овој човек во македонскиот етер….

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…