
Ирскиот борец Конор Мекгрегор се најде во центарот на вниманието после емотивната објава на Инстаграм.
Мекгрегор во својата објава ги советуваше фановите да ги почитуваат сите мерки за претпазливост од корнавирусот. После советите Конор откри дека пред неколку дена добил вест која го скршила.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Конор одлучи да и каже на јавноста дека коронавирусот го погодил и неговото семејство. Неговата тетка Ане се заразила со коронавирусот и починала.
„Беше тоа убав ден. Го земав семејството со мене во студио. Седев на столицата пред емисијата и тогаш добив повик од Ирска. Ми јавија дека мојата тетка Ане починала. Не можев повеќе да бидам дел од емисијата. Мојата неверојатна тетка повеќе не е со нас, сестра на мојата мајка. Овој еб*н вирус ми ја зема“, порача Конор.