Дома Фудбал Дејвид Мојс оди во карантин – имал контакт со Артета

Дејвид Мојс оди во карантин – имал контакт со Артета

Менаџерот на Вест Хем и луѓето од неговиот стручен стаб ќе бидат ставени во домашен карантин бидејќи имале контакт со тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Менаџерот на Арсенал, Аретата вчера се покажа како позитивен на коронавирус, а минатата недела „топџиите“ играа со Вест Хем.

„Поради фактот дека дел од тимот на Вест Хем бил во директен контакт со менаџерот на Арсенал за време на мечот на Емирати, клубот презема позитивни мерки и тие лица ќе бидат во домашна изолација“, потврдија од Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас ја реши Словенија во 2019, Македонија вечерва бара излез од кризата

Пред новата пресметка со Словенија, потсетување на двата гола на Елмас во Скопје во 2019 г…