Вчера вечер се појавија лажни вести за тоа дека Паоло Дибала е заразен со коронавирус.
Ситуацијата отиде толку далеку што беше потребно самиот Дибала да ги демантира вестите.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Аргентинскиот селектор Лионел Скалони даде свој коментар на оваа тема.
„Дибала ми кажа дека од Јувентус добиваат препораки на секој половина час. Сите играчи се затворени во домовите. Таму е владее голем хаос во овие моменти“, изјави Скалони.
Оваа ситуација во Јувентус настана откако во средата беше потврдено дека Даниеле Ругани е заразен со корнавирусот.