Ла Лига го прекина натпреварувањето поради страв од ширење на коронавирусот, а денес и шпански Леганес привремено ги прекина сите активности и ги затвори вратите на својот тренинг центар.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, генералниот директор на Леганес Мартин Ортега е позитивен на коронавирус.
Мадритскиот клуб вчера потврди дека тестот на Ортега е позитивен и соопшти дека сите кои биле во контакт со него ќе бидат во карантин.
Порачано е никој од членовите на првиот тим или стручниот штаб не бил во контакт со Ортег во скоро време, но тренинзите се откажани поради претпазливост.
Ортега би требало да биде пуштен од болница и да оди во својот дом во изолација.