Дома Фудбал Останато Европското првенство 99.9% се одложува!?

Европското првенство 99.9% се одложува!?

Звучи логично, звучо очекувано и како единствено решение, иако изворот на информацијата не е од фудбалските кругови.

Од рускиот државен парламент пристигнува информација дека Европското првенство кое треба да започне на 12. јуни ќе биде одложено.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Информацијата ја откри рускиот телевизиски новинар, Мурард Латипов кој беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на таа земја на Мундијалот во 2018 година. Тој на Инстаграм ги објави информациите до кои дојде денес и за кој тврди дека се од доверливи извори.

„Бев денес во парламентот и ми потврдија дека поради коронавирусот 99.9% ќе биде одложено. Одлуката за Премиер лигата во Русија не е донесена, оставено е на фудбалскиот сојуз да одлучи“, напиша Латипов.

УЕФА во овој момент има актуелни проблеми и размислува за решавање на ситуациите во Лигата на шампионите и Лигата Европа, потоа следат баражите за ЕП во Лигата на нации. Сепак, европскиот собир се ближи и наскоро сигурно ќе дојде на дневен ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…