Дома Фудбал Германија Потврдено: Германски фудбалер заразен со коронавирус

Потврдено: Германски фудбалер заразен со коронавирус

Светскиот фудбал е длабоко погоден од епидемијата со коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалските стадиони се затвараат за публиката, некои првенства се прекинати, а денеска од Германија стигна вест дека фудбалерот на Хановер, Тимо Хуберс е заразен со коронавирус.

Оваа вест ја потврди германскиот клуб и тврди дека тој немал контакти со соиграчите.

„Се сомневаме дека Хуберс е заразен на еден настан одржан во сабота. Немал контакти со соиграчите од тој момент, но за секој случај комплетниот тим беше тестиран. Тимо се однесува примерно и не покажува никакви симптоми. Се пријавил сам и заминал во карантин откако слушнал дека со него на настанот била особа која имала коронавирус.“ – соопшти спортскиот директор на клубот.

Оваа сезона Хуберс поради повреда на коленото настапи само на три натпревари, а во петокот постигна погодок во победата над Нирнберг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Колумбиски репрезентативец пристигна во Јувентус

Одбранбениот играч на Болоња, Џон Лукуми пристигна во Торино за да ги заврши медицинските …