Комисијата за заразни болести во Македонија излезе со ново соопштение во кое бара строг режим во наредните 30 дена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кога се спортските настани во прашање се предлага забрана за присуство на публика и тоа значи дека Вардар претстојните два натпревари ќе ги игра без гледачи. Вардар прво недела на 15. март ќе игра против Нексе, а седум дена подоцна на 22. март против ПИК Сегед во Лигата на шампионите.
Досега стануваше збор само за препорака, а сите поголеми федерации ги затворија вратите во претходните два викенди, исклучок беше само натпреварот помеѓу Вардар и Монеплеје. Клубот даде објаснување дека времето било прекратко да се реагира. Овој пат станува збор за забрана и публиката нема да смее да присуствува во салата „Јане Сандански“.