Лука Јовиќ ова лето пристигна во Реал Мадрид како големо засилување, но може да го напушти „Сантиаго Бернабеу“ после само една година.
Иако беше јасно дека ќе има статус на втор напаѓач, сепак Јовиќ воопшто не ги оправда очекувањата и добива многу мала минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпански „АС“ пишува дека Наполи е силно заинтересиран за 22-годишниот српски репрезентативец и наводно веќе започнал преговори со Реал Мадрид.
Неговиот менаџер Фали Рамадани е во одлични односи со Наполи и веќе работи на трансферот, а Реал нема да им ништо против да го пушти Јовиќ доколку пристигне адекватна понуда.
Јовиќ оваа сезона запиша 24 настапи за „кралевите“, главно од клупата, и постигна два гола.