Крилниот напаѓач на Реал Мадрид Еден Азар (29) во Далас го оперираше десниот зглоб и ќе паузира два до три месеци.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тоа значи дека за најдобриот белгиски фудбалер клупската сезона е завршена, но веројатно ќе биде спремен за Европското првенство кое започнува на 12. јуни.
Азар минатото лето премина од Челзи во Реал Мадрид во трансфер вреден 100 милиони евра. Но, од доаѓањето во Реал констатно го следат повреди. Првпат се повреди уште на почетокот на шпанското првенство поради што паузираше еден месец. Потоа поради нова повреда пропушти три месеци, а последната повреда ја заработи на 22 февруари против Леванте.
Сезонава Азар одигра само 15 натпревари и постигна еден гол.