Дома Фудбал Италија Тимот кој доминира во Серија Б се обидел да ги доведе Ибрахимовиќ и Манџукиќ

Тимот кој доминира во Серија Б се обидел да ги доведе Ибрахимовиќ и Манџукиќ

Беневенто игра одлично во италијанската Серија Б, овој тим има дури 19 бода предност и се припрема за враќање во Серија А. Планот на Беневенто е овој пат подолго да се задржи во најсилната италијанска конкуренција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Спортскиот директор на клубот Пасквале Фоџа откри дека Беневенто се обидел да ги доведе Манџукиќ и Ибрахимовиќ.

„Претседателот сакаше да ги доведе Ибрахимовиќ и Манџукиќ пред хрватскиот напаѓач да замине за Катар. Меѓутоа, набрзо моравме да се помирме со реалност. Среќен сум што работам со амбициозен претседател. Во овој момент работите од добро и тоа го потврдуваат и резултатите“, изјави Фоџа.

Инаку, како играч Фоџа во Италија играше за Лацио, Милан, Сампдорија, Каљари и Емполи, а во 2018 година стана спортски директор на Беневенто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави снимка поради која целиот свет мисли дека резултатот меѓу Алжир и Австрија е договорен (Видео)

Со поделба на бодовите (3:3) во последниот натпревар од групната фаза, фудбалерите на Алжи…