Дома Фудбал Англија Mурињо го брани Дајер: Секој од нас ќе го направеше истото

Mурињо го брани Дајер: Секој од нас ќе го направеше истото

Тотенхем изгуби во осминафиналето во ФА Купот, а по тој натпревар видовме и една сцена каква што не треба да има фудбалските терени. Ерик Дајер беше бесен и се качи на трибните каде што се обиде да се пресмета со навивач.

Навивачот испрати навреди кон Дајер, фудбалерот на Тотенхем не остана без реакција, а во целата ситуација се вклучи помладиот брат на Дајер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Свој коментар на целата ситуација даде и Жозе Мурињо.

„Ерик направи нешто што ние професионалците не треба да го правиме, но во таква ситуација веројатно секој од нас ќе посакаше да направи нешто слично. Тој човек го навредуваше цело време, а и неговото семејство беше на трибините во непосредна близина“, изјави Мурињо.

Новинарите го прашаа и дали очекува клубот да го казни Дајер.

„Ако клубот се реши на такво нешто, јас таа одлука нема да ја поддржам“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англичаните стравуваат: Кејн се мачи со повреда пред Европското првенство

Напаѓачот на англиската репрезентација и Баерн Минхен Хари Кејн (30) мака мачи со повреда …