Дома Топ вести Открен фаворитот за потписот на Санчо

Открен фаворитот за потписот на Санчо

Англиските медиуми се сигурни дека Џејдон Санчо на крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Санчо во германскиот клуб пристигна во 2017 година од Манчестер Сити и блесна во дресот на „милионерите“. Овој 19-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Оваа сезона Англичанецот одигра 30 меча за Дортмунд на кои постигна 16 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.

„Скај Спорт“ пренесува дека Санчо веќе ги известил челниците на Борусија Дортмунд дека сака да го напушти клубот и да се врати во Англија.

Сите големи англиски клубови се заинтересирани за талентираниот фудбалер, но „Скај Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис и дека е во напредни преговори со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…