Дома Македонски спорт Мак фудбал Распоредот на Македонија во Лигата на нации: Стартуваме дома со Ерменија на пладне!

Распоредот на Македонија во Лигата на нации: Стартуваме дома со Ерменија на пладне!

Вчера репрезентацијата на Македонија ги доби противниците за новата сезона во Лигата на нации која ќе се игра од септември до ноември оваа година. Сега е познат и распоредот на натпреварите.

Првиот натпревар го играме против Ерменија на домашен терен на 5. септември (сабота). Терминот за овој натпревар е малку неебовичаен бидејќи е закажан за во 15:00 часот. Освен овој натпревар во вечерен термин нема да се играат и натпреварите против Грузија и дома (8. Септември) и на гости (11. октомври), како и натпреварот со Ерменија на гости (16.ноември). Овие три средби се играат со почеток во 18:00 часот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Останатите два натпревари против Естонија дома (8 октомври) и на гости (13. ноември) ги играме во вечерниот термин од 20:45 часот.

Распоред:

Прво коло: Македонија – Ерменија (5. септември, сабота, 15:00 часот)

Второ коло: Грузија – Македонија (8. септември, вторник, 18:00 часот)

Трето коло: Естонија – Македонија (8. октомври , четврток, 20:45 часот)

Четврто коло: Македонија – Грузија (11. октомври, недела, 18:00 часот)

Петто коло: Македонија – Естонија (13. ноември, петок, 20:45 часот)

Шесто коло: Ерменија – Македонија (16.ноември, понеделник, 18:00 часот)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…