Најновата промена во календарот во Серија А и одлуката дербито помеѓу Јувентус и Интер да се игра на 9-ти март го налути претседателот на „нероаѕурите“ Стивен Жанг.
Кинескиот милијардер остро го нападна и го напреди првиот човек на Серија А, Паоло дал Пино и отвори голема полемика во италијанската јавност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ти си најголемиот кловн кој сум го видел. Си играш со календарот и го оставаш здравјето на луѓето во втор план. 24 часа? 48 часа? Седум дена? Кој е твојот следен чекор? Ти ли ќе ми зборуваш за фер-плеј игра? Да, тебе ти зборувам Дал Пино. Како не ти е срам. Време е да си понесеш одговорност“, остар беше претседателот на Интер.
Интер на 5-ти ќе игра реванш против Наполи во Купот, а на 9-ти ќе го игра дербито против Јувентус. Четири дена подоцна ќе се сретне против Гетафе во Лига Европа.