Без оглед на исходот на сезоната, Интер ќе мора повторно да продава и да штеди. Имено, според информациите од Италија шампионот добил нови иструкции од кинеските власти.
Последните информации се дека лубот мора да биде во плус од 60 милиони евра кога во прашање се продажбите и купувањето на играчи, како и повторно да го намали буџетот за плати за околу 15%, со други зборови тоа би значело дека ќе заштедат околу 20 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова става нова тешка задача пред Марота и спортскиот сектор. Минатата година ги продадоа Лукаку и Хакими, а сега такви вредни играчи немаат. Првобитно клубот ќе се обиде да се ослбоди од големите договори, пред од договорот на Санчез со што би се отворил простор за Дибала, двајца стандарди играчи најверојатно ќе треба да бидат продадени.
Еден од нив е Стефан Де Фрај, Холанѓанецот би можел да се пресели во Премиер лигата, но прашање е колку тој може да ја наполни касата. Најскапиот кој би можел да замине е Лаутаро Мартинез кој Интер може да го продаде за околу 80 милиони евра.
Но, Интер повеќе би се откажал опд некои други играчи, наводно список постои и на него се Барсела кој игра многу послабо од минатата сезона или стоперите Скриниар и Бастони.
На навивачите ваквите најави секако не им се допаѓаат, посебно после информациите дека во Милан влегува компанијата „Инвесткорп“ со сопственци од Бахреин која е спремна да вложува многу во засилувања.