Дома Фудбал Зидан: Зошто Јовиќ беше на трибини? Затоа што јас одлучувам!

Зидан: Зошто Јовиќ беше на трибини? Затоа што јас одлучувам!

Лука Јовиќ минатото лето стигна во Реал Мадрид за 60 милиони евра како желба на Зидан и се очекува со Карим Бензема да ја делат минутажата, меѓутоа Јовиќ е резерва, а Зидан ретко му дава прилика.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За „Ел Класико“ кое се играше во последниот викенд Јовиќ беше дури и на трибините.

„Јовиќ е во совршена физичка форма и тоа што го нема во тимот за „Ел Класико“ покажува дека Зидан му испраќа јасна порака“, пишуваше шпански „АС“ пред натпреварот кој Реал го доби со 2:0.

После натпреварот против Барселона Зидан го прашаа зошто Јовиќ не беше помеѓу 18. Играчи ако не е повреден. Зидан даде краток одговор.

„Одговорот е јасен – затоа што јас сум тренер и затоа што јас сум тој кој одлучува“, изјави францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик во голема дилема пред „Ел Класико“

Фудбалерите на Барселона денес имаат историска шанса против својот најголем ривал Реал Мад…