Италијанскиот дефанзивец од редовите на екипата на Јувентус, Леонардо Бонучи, ќе биде ова лето еден од најбараните фудбалери.
Интерес за него претходно покажаа Манчестер Сити и Челзи, но во трката сега се вклучи и Реал Мадрид, пренесува „Дон Балон“. Португалецот Пепе ова лето ќе го напушти клубот од Мадрид, па тие ќе мораат да доведат негова замена, а изгледа дека ја пронајдоа токму во Бонучи.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сепак треба да се каже дека и нешто се прашува Јувентус, а тие тешко дека ќе се откажат од неговите услуги.
Да потсетиме, Бонучи неодамна наполни 30 години, кариерата ја започна во Интер, а во Јуве пристигна летото 2010 година.
(Фото)Сега е среќен: Синот на Бонучи се сретна со својот идол!