Дома Македонски спорт Владата донесе одлука: Сите спортски настани до 6. март да се играат без публика

Владата донесе одлука: Сите спортски настани до 6. март да се играат без публика

До 6. март во Македонија сите спортски настани ќе се играат без публика, таква препорка испрати Владата на Македонија и се очекува истата клубовите да ја практикуваат.

Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница после предлогот на Министерот за здравство Венко Филипче. Прво се најавуваше одложување на натпреварите, но сега е потврдено дека Владата испраќа препорака тие да се играат без гледачи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика. Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации. Владата на Северна Македонија на денешната седница препорача сите организатори на други јавни настани своите одлуки да ги донесуваат врз основа на консултација и мислење на Комисијата за заразни болести“ , стои во соопштението објавено од Владата.

Викендов најголем спортски настан е натпреварот помеѓу Вардар и Монпелје кој е закажан за утре со почеток во 17:30 часот. Сега се чека клубот да објави дали ќе ја следи препорката на Владата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…