Дома Фудбал Скапо платениот Кепа се налути, не сака да седи на клупа – бара да биде продаден!

Скапо платениот Кепа се налути, не сака да седи на клупа – бара да биде продаден!

На скапо платениот Кепа Аризабалага не му оди во Челзи и се по веројатно станува дека голманот ќе си замине на крајот од сезоната.

Кепа после слабата форма, го изгуби статусот на прв голман и прв избор за Лампард сега е Вили Кабаљеро. Сега во островските медиуми се појави информација дека Кепа поради таквата ситуација ќе поднесе барање за трансфер.

Челзи за Кепа плати огромни 72 милиони фунти и со неговата моментална форма е далеку од тоа да ги оправда вложените средства.

Бесот на навивачите Кепа го навлече и минатата сезона кога против Манчестер Сити одби да излезе од игра, иако Маурицио Сари веќе го подготови Кабаљеро да влезе во игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…