Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Реал спреми богатство за Салах

„Бомба“ од Шпанија: Реал спреми богатство за Салах

Само ден после поразот од Манчестер Сити медиумите почнаа да лецитираат која ќе биде новата голема ѕвезда која ќе пристигне во Реал Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Килијан Мбапе е најголема желба на Зидан и „кралевите“, но младиот Французин тешко дека ќе го напушти Пари Сент Жермен.

Денес шпанските медиуми ги разгореа шпекулациите околу интересот за Мохамед Салах и тврдат дека Реал веќе спремил понуда за Египќанецот.

Мохамед Салах трета сезона во низа е еден од главните играчи на тимот на Јирген Клоп, но на Островот тврдат дека Ливерпул тешко ќе може да го задржи ако пристигне понуда од Мадрид.

Наводно „црвените“ ќе бараат 150 милиони евра за својата ѕвезда, а Реал Мадрид нема проблем да ја плати таа сума и веќе ја спремил понудата.

На Реал му е прекупотребно засилување во нападот и нова ѕвезда во тимот, а дел од трансферот ќе го финансира со продажбата на Бејл и Хамес Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…