Jувентус вчера изгуби од Лион со 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигатан а шампионите.
Италијанскиот шампион одигра слаб натпревар и скоро и да не создаде посериозна опасност пред голот на Антонио Лопес. Меѓутоа проблемот не е само во овој натпревар, Јувентус веќе некое време игра под нивото, но некако успева да победува. Сега против Лион не им успеа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако тимот е лидер во Серија А и ќе игра во полуфиналето од Купот на Италија навивачите се незадоволни од играта која ја прикажува „старата дама“. Сари после натпреварот отворено ги критикуваше играчите изјавувајќи дека не го разбираат тоа што им го кажува.
„Ла Република“ денес пишува дека раководството на Јувентус размислува да го откушти клубот и да го врати Масимилијано Алегри кој се уште е под договор со Јувентус откако замина на крајот на минатата сезона.
Италијанците пишуваат дека 61 годишниот Наполитанец е изгубен и дека и самиот не знае дали сака да игра 4-3-3 или 4-3-1-2 формација.