Дома Фудбал Лига на шампиони Сите играчи на Баерн синоќа имаа причина за славје, освен еден

Сите играчи на Баерн синоќа имаа причина за славје, освен еден

Баерн направи голем чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако го победи Челси со 0-3 на „Стемфорд Бриџ“.

По одличниот и убедлив триумф, сите играчи на Баерн имаа причина да слават и да уживаат, освен еден – Кингсли Коман.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Коман беше стартер на Стемфорд Бриџ, меѓутоа после еден час игра мораше да го напушти теренот и тоа поради повреда.

Францускиот крилен фудбалер е познат како “стаклен“ играч кој многу лесно и често се повредува. Исклучок не беше ниту синоќешниот натпревар.

Овој 23-годишен играч одигра неколку натпревари во низа, а сега поради поврда на бутниот мускул го чека нова пауза.

Од Баерн порачаа дека ќе паузира пет дена, но со оглед на искуството од претходните негови повреди лекарската прогноза треба да се земе со резерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Анчелоти пред реваншот против Арсенал: Магија не постои

Тренерот на Реал Мадрид Карло Ачелоти изјави дека неговите играчи мора да ја контролираат …