Тони Крос е еден од најдобрите трансфери во поновата историја на Реал Мадрид. Германецот пристигна од Баерн Минхен за 25 милиони евра.
Крос веќе неколку години е еден од најдобрите играчи за врска и еден од најзаслужните за успесите на Реал Мадрид.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Германскиот репрезентативец призна дека во 2014 година бил на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед, но зделката пропаднала поради промена на тренерот.
„Дејвид Мојс дојде да ме гледа и договорот веќе беше готов. Меѓутоа, после тоа Мојс беше отпуштен, дојде Ван Гал и работите се искомплицираа“, открива Крос.
„Ван Гал сакаше да имплементира свој проект, немаше вести од Јунајтед долго време, па јас почнав да се сомневам. Потоа ми се јави Анчелоти и тоа беше тоа, веднаш дојдов во Реал Мадрид“, додаде Германецот.
„Црвените ѓаволи“ во последните години направија многу грешки на трансфер пазарот, а Крос е сигурно една од најголемите.