Дома Фудбал Лоши вести за Клоп – се повреди капитенот

Лоши вести за Клоп – се повреди капитенот

Ливерпул ќе биде без својот капитен Џордан Хенерсон во наредните три недели, пренесуваат медиумите на Островот.

Лошата вест беше потврдена и од менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп.

Хендерсон се здоби со повреда на бутниот мускул за време на мечот со Атлетико Мадрид и беше заменет од Џејмс Милнер десетина минути пред крајот.

„Хендерсон ќе отсуствува околу три недели. Не е добро, но можеше да биде и полошо. Има многу такви повреди во Премиер лигата. Иста е повредата и на Хари Кејн, па можеме да кажеме дека имавме среќа, можеше да биде и полошо“, потврди Клоп.

Хендерсон ќе пропушти три меча во Премиер лигата, дуелот со Челзи бво ФА Купот и реваншот против Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…