Дома Фудбал Тренерот на Лајцпиг објасни зошто дваја играчи играа со различни дресови

Тренерот на Лајцпиг објасни зошто дваја играчи играа со различни дресови

Тимот на Лајцпиг вчера во првото осминафинале од Лигата на шампионите на гости кај Тотенхем славеше победа со 1:0. Единствениот гол го постигна Тимо Вернер во 56. минута од натпреварот.

На друштвените мрежи во центарот на вниманието се најде нешто што нема врска со играта на клубот. Стануваше збор за дресовите на Лајпциг. Многумина забележаа дека двајца играчи на Лајпциг не носат исти дресови како останатите.

Никој не знаеше што точно се случило и поради што Вернер и Нкунку имаа поинакви дресови.

Тренерот Јулијан Нагелсман објасни зошто било тоа така.

„Гарнитурата дресови која ја имавме во автобус кога тргнавме од хотелот не беше во целост, па поради тоа земавме два резервни, беше тоа мало недоразбирање, во следниот натпревар ќе биде се како што треба“, објасни германскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус чека двојно засилување од амбулантата за гостувањето во Фиренца

Мекени и Челик повторно работеа со соиграчите, но медицинскиот тим допрва ќе одлучува дали…