Дома Фудбал Англија Гвардиола му одговори на Бартомеу: Мој совет е да не зборувате многу, а баш сакам да се сретнеме во ЛШ

Гвардиола му одговори на Бартомеу: Мој совет е да не зборувате многу, а баш сакам да се сретнеме во ЛШ

Поголемиот дел од фудбалскиот свет ја поздрави одлуката Манчестер Сити да биде суспендиран од Лигата на шампионите на две сезони поради кршење на финансискиот фер плеј.

Еден од оние кои се огласи во јавноста беше првиот човек на Барселона Хозе Марија Бартомеу.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сакам да и се заблагодарам на УЕФА за примената на правилата за Финансискиот фер-плеј. Во последните години на тоа поле се направија одлични работи. Ние имаме природни инвестиции и ја поддржуваме УЕФА во се што прави за да го одржи фудбалот чист“, изјави Бартомеу на почетокот на неделата.

Сега стигна одговорот од Пеп Гвардиола.

„Прво, сакам да го известам дека ќе се жалиме. Мојот совет на луѓето во Барселона е да не зборуваат многу на ова прашање бидејќи сите понекогаш сме вмешани во нешто. Ќе ги искористиме сите правни средства и се надевам дека во во иднина во Лигата на шампионите ќе се сретнеме баш со Барселона“, гласеше одговорот на Гвардиола.

Ќе потсетиме во овие моменти во Каталонија е актуелен и наводен скандал. Медиумите тврдеа дека Бартомеу во времето на Гвардиола во Барса плаќал агенција за да ги „оцрни“ Пеп по главните играчи како Пике, Меси, Чави…За тој да испадне чист. На оваа тема се огласи и Меси, за неговата изјава повеќе – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед започна со подготовки со две нови засилувања

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се појавија на клупската база за да започнат со летни по…