Дома Фудбал Останато Рома: Можевме да го купиме Халанд за четири милиони евра

Рома: Можевме да го купиме Халанд за четири милиони евра

Eрлинг Халанд сезонава е вистинска сензација во европскиот фудбал, вкупно за Салзбург и Борусија Дортмунд на 29 натпревари постигна 39 гола.

Последните два гола Халанд ги постигна во осминафиналето во Лигата на шампионите и сега стигна до бројката од 10 во ова натпреварување. Заедно со Левандовски тој е најдобар стрелец во најелитното европско натпреварување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Спортскиот директор на Рома Себино Нела откри дека Рома можела да го купи Халанд пред две години за четири милиони евра, меѓутоа „волчицата“ го одбила.

„Рома можеше да го купи Халанд пред две години за четири милиони евра. Му беше понуден на Мончи од поранешниот играч на Рома, меѓутоа клубот го одби и тој направи трансфер во Салзбург“, изјави Себино Нела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…