Дома Фудбал Лоши вести за Наполи пред Барселона

Лоши вести за Наполи пред Барселона

Сенегалскиот интернационалец Калиду Кулибали веројатно ќе го пропушти првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу неговиот Наполи и Барселона.

Кулибали се здоби со повреда на бутниот мускул на 15 декември и оттогаш настапи само еден натпревар против Лече пред 10 дена.

Сепак, после тоа не настапи против Каљари, а тренерот Гатусо откри дека неговиот дефанзивец се уште чуствува болки.

Скај Спорт пренесува дека Сенегалецот денеска не тренирал со тимот, а најверојатно нема ни утре. Тоа значи дека тој сигурно ќе го пропушти натпреварот во Серија А против Бреша в петок, а се чини дека нема да биде во комбинација и за натпреварот во ЛШ против Барселона.

Како што стојат работите, стопери на Наполи во првиот натпревар против Барса ќе бидат Костас Манолас и Никола Максимовиќ.

Инаку, Кулибали е столбот на одбраната во Наполи и еден од најважните фудбалери на тимот. Оваа сезона запиша 21 натпревар во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…