Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави дека воведува нова награда – за најдобар играч на натпреварот.
Оваа награда ќе почне да се доделува од утре, во првите осминафинални натпревари од Лигата на шампиони.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наградата ќе ја доделува стручна комисија, која после секој меч ќе ги оценува играчите според различни критериуми.
Тоа се тактичката зрелост, креативноста, инспирацијата, посебните вештини и секако фер-плејот.
Стручната комисија ја сочинуваат славни фудбалски имиња како Аитор Каранка, Герет Саутгејт, Роберто Мартинез, Роби Кин…
Осминафиналните натпревари во ЛШ започнуваат утре со натпреварите помеѓу Атлетико и Ливерпул, како и Борусија Дортмунд – ПСЖ.