Дома Македонски спорт Мак фудбал Каква криза? Вардар продолжи онаму каде што застана! (ВИДЕО)

Каква криза? Вардар продолжи онаму каде што застана! (ВИДЕО)

Вардар денес одлично го започна вториот дел од сезоната и славеше против Македонија Ѓорче Петров со 3:1.

Во првото полувреме не видовме премногу прилики за гол, а Вардар искористи една во 43. минута кога Цветановски го пронајде Жуниор во шеснаесетникот кој ја погоди празната мрежа за водство на црвено-цните.

Прашањето на победникот беше решено после 15 минути игра во вториот дел. Вардар прво во 50. зголеми на 2:0, па девет минути подоцна веќе беше 3:0. Гостите од Ѓроче до крајот на натпреварот успеаа само да постигнат утешен погодок за конечни 3:1.

Вардар со овој триумф отиде на +11 во однос на Шкендија која утре го игра својот натпревар од ова коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…