Дома Фудбал Халанд: Парите се последно нешто кое ме интересира во фудбалот

Халанд: Парите се последно нешто кое ме интересира во фудбалот

Ерлинг Халанд за првпат се огласи после доаѓањето во редовите на Борусија Дортмунд.

Халанд игра одлично и продолжи да тресе мрежи во Бундес лигата. Во дел од медиумите и понатаму се пишува дека ја избрал Борусија поради провизијата за Раиола. Наводно поради тоа пропаднал неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.

„Критиките дека сум алчен? Тие луѓе не се нормални, сите кои ме познаваа можат да потврдат дека парите се последно нешто кое ме интересира во фудбалот. Едноставно разговарав со менаџерот и мојот татко и одлучивме дека Борусија е најдобра опција“, изјави Халанд.

Потоа зборуваше за Солскјер.

„Оле многу направи за мене во кариерата и благодарен сум му на тоа. Ова сега е друга ситуација, гледам што е најдобро за мене“, смета Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …