Дома Трансфер зона Челзи спрема „револуција“ – овие четворица сигурно заминуваат

Челзи спрема „револуција“ – овие четворица сигурно заминуваат

Челзи на лето спрема големи промени во тимот, ќе пристигнат многу нови фудбалери, но и неколку ѕвезди сигурно ќе го напуштат „Стенфорд Бриџ“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ веќе започнаа со летните трансфери и веќе го договорија трансферот на Хаким Зијах од Ајакс за 45 милиони евра.

Како главни мети во летниот преоден рок за „сините“ ќе бидат Чилвел од Лестер, Дембеле од Лион, а веројатно одбраната ќе биде засилена со Аке од Борнмут.

Медиумите најавуваат дека ќе има „чистка“ и неколку фудбалери сигурно ќе заминат ова лето. Педро и Жиру не се во плановите и нема да им бидат продолжени договорите, па ќе заминат како слободни агенти.

Иста е и ситуацијата со Бачуаи, а преговорите со Вилијан за нов договор се во застој, па најверојатно и Бразилецот ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Лампард исто така инсистира да му биде донесен и нов голман, бидејќи повеќе не му верува на Кепа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…