Како што пренесуваат италијанските медиуми, утрешниот меч помеѓу Интер и Наполи во Купот може да биде и клучен за договор меѓу миланскиот клуб и Дрис Мертенс.
На Мертенс договорот му истекува на крајот од сезоната и Де Лаурентис нема намера истиот да му го продолжи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Мертенс на лето ќе го напушти клубот како слободен агент, а медиумите тврдат дека преговорите со Интер се во напредната фаза.
За Мертенс интерес покажуваат и други италијански клубови, но „Газета дело Спорт“ тврди дека понудата од Интер е убедливо најдобро и дека Белгиецот е многу блиску до „Џузепе Меаца“.
Утре во Милано ќе биде и неговиот агент, па можно е да бидат договорени последните детали и Мертенс да стави потпис на преддоговор со „нероаѕурите“.
Белгиецот следната сезона би требало да биде замена за Алексис Санчез, кого Интер нема да го откупи и ќе му го врати на Манчестер Јунајтед.