Дома Македонски спорт Мак ракомет Дисингер: Само чудо може да ме задржи во Вардар

Дисингер: Само чудо може да ме задржи во Вардар

Кристијан Дисингер јавно проговори за тешката ситуација во Вардар и најави заминување од македонскиот шампион.

Дисингер најверојатно ја игра последната сезона во Вардар, тој потврдува дека клубот им должи пари и вели дека само чудо ќе го задржи во клубот и следната сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Во овој момент се е комплицирано за нас. Голем дел од тимот немаат земено плата шест месеци. Земаме само мал дел од тоа. Овде може да се живее и со 300 евра месечно, но тоа е стресна и непотребна ситуација за нас. За да останам овде уште една година треба да се случи чудо“, изјави Дисингер.

Дисингер на крајот на сезоната ќе биде слободен играч бидејќи му завршува договорот со „црвено-црните“. Тој не е прв ракометар кој јавно зборува за тешката ситуација во Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Одбојкарите имаат нов селектор

Одбојкарската репрезентација на Македонија пред Европската златна лига и квалификациите за…