Дома Фудбал Останато Немања Видиќ ќе биде извршен директор во Црвена Звезда

Немања Видиќ ќе биде извршен директор во Црвена Звезда

Легндарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ на лето ќе биде назначен за нов извршен директор на Црвена Звезда, пренесуваат српските медиуми.

Заедно со Видиќ во славниот српски клуб ќе се врати и Марко Пантелиќ, кој ќе ја има улогата на спортски директор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што е познато, на коримилото на Црвена Звезда пред неколку месеци седна легендарниот играч за врска, Дејан Станковиќ.

Видиќ играше за Црвена Звезда од 2000 до 2004 година од каде се пресели во Спартак Москва и блесна во руското првенство.

Потоа се пресели во Манчестер Јунајтед каде испиша историја со дресот на „црвените ѓаволи“ и долги години важеше за најдобар дефанзивец во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аргентинците го најавија „последното танго“ на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја круниса својата успешна кариера со освојувањето на Светскот…