Дома Фудбал Нејмар сакаше во Барса, сега сака во САД: Му побарав на Бекам да играм за неговиот тим

Нејмар сакаше во Барса, сега сака во САД: Му побарав на Бекам да играм за неговиот тим

Нејмар дефинитивно е еден од најдобрите фудбалери во светот, меѓутоа во јавноста многу се пишува и за неговиот неспортски живот.

Во овој момент тој го носи дресот на ПСЖ, беше блиску да се врати во Барселона од каде што дојде за 222 милиони евра, меѓутоа клубовите не се договорија за оштетата. Нејмар, не криеше и покажуваше дека сака да се врати во Каталонија.

Сега одново тој зборуваше за својата иднина и истакна дека сака да игра за новоформираниот тим на Дејвид Бекам, Интер Мајами. Тимот на Бекам од наредната сезона ќе игра во МЛС лигата.

„Јас сам му побарав да играм за неговиот тим. Сакам да одам кај него и тоа му го кажав на Бекам, еден ден ќе играм таму“, изјави Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ двоен стрелец во Битола: Силекс останува во трката за нов куп-трофеј

Силекс го елиминира Пелистер со 3:0, со три погодоци пред паузата. Бранителот на трофејот …