Одбранбениот играч на Спартак од Москва , Италијанецот Салваторе Бокети на својата страница во Инстaграм изјавил фановите да не се грижат за него и потенцирал дека е скоро дома. Неговата жена потврдила дека тој тргнал пешки од Москва до Италија. Триесетгодишниот играч ветил дека ако Спартак стане шампион на Русија, ќе оди пешки до Неапол.
– Здраво на сите, не грижете се јас сум скоро дома.
Маж вети – маж исполни. напишал играчот
Интересно е што од Москва до Неапол, од каде што е играчот на Спартак има околу 2900 километри. Неговиот пат е преку Русија, Белорусија, Украина, Унгарија, Србија, Босна и Хрватска. Интересно е да се види каде и како го поминал Јадранското Море. За овој потфат му требаат 553 часа или 23 дена.