Себастија Фетел не се гледа на долг период во Ферари, поточно од 2021. година повеќе не сака да биде возач на итаијанскиот тим.
Фетел врвот во својата кариера го доживеа во Ред Бул, а првиот човек на австријскиот тим Хелмут Марко смета дека Германецот повеќе не го гледа во Ферари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Себ е директен, не го интересираат политичките игри и не сака да се бори на тоа поле. Леклерк е во предност бидејќи неговиот менаџер Николас Тод знае да работи на тоа поле и е доста добар.“ – смета Марко.
Фетел веќе се распрашувал за некои тимови, а како една од опциите се споменува Мекларен, но постои можност и за враќање во Ред Бул доколку се согласи да биде втор возач бидејќи Макс Верстапен е недопирлив.
Инаку, ФЕрари неодамна потпиша долгогодишен договор со Леклерк, додека на Фетел не му беше понуден нов договор, а Германецот тоа го сфати како знак да си бара нов тим.