Дома Трансфер зона Војна за Перишиќ: Во Интер стигна неверојатна понуда, се чека Мурињо!

Војна за Перишиќ: Во Интер стигна неверојатна понуда, се чека Мурињо!

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ова лето ќе го продаде Иван Перишиќ поради финансискиот фер-плеј со цел да може да го зголеми буџетот за засилувања ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според истиот извор во Милано веќе пристигнала првата понуда. ПСЖ се спрема за летна реконструкција и сака значително да го засили тимот, па испратил понуда од неверојатни 55 милиони евра за хрватскиот репрезентативец.

Интер има намера да ја прифати оваа понуда, но медиумите тврдат дека се чека одговор од Жозе Мурињо кој сака да го донесе Перишиќ во Манчестер Јунајтед. Заинтересиран е и Антонио Конте, но Челзи не е спремен да ја изедначи пондата на парискиот клуб.

Доколку се реализира овој трансфер, Перишиќ ќе стане најскапиот хрватски фудбалер на сите времиња и ќе биде платен дури 25 милиони евра повеќе од досегашните рекордери Лука Модриќ и Матео Ковачиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…