Раководството на Манчестер Јунајтед ја намали цената на Пол Погба за 30 милиони фунти, пренесуваат англиските медиуми.
Според „Сан“, минатото лето клубот од „Олд Трафорд“ барал 180 милиони фунти – сума што ги откажа Реал Мадрид и Јувентус, кои покажуваат најголем интерес за Французинот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Цената сега е 150 милиони, а агентот на играчот Мино Раиола е информиран дека Погба е слободен да замине во текот на летото, доколку се најде клуб да ја плати бараната сума.
Погба се уште се опоравува од операцијата на глуждот и бидејќи не е подготвен за целосен тренинг, менаџерот одлучил дека нема смисла да патува со тимот на припремите во Марбења.
Сепак, тешко дека Јувентус и Реал Мадрид ќе се согласат да платат 150 милиони фунти за Погба после ваква лоша сезона, па се очекува неговата цела додатно да падне до летниот преоден рок.