Дома Македонски спорт Поранешен млад репрезентативец на Македонија ќе игра во Индонезија

Поранешен млад репрезентативец на Македонија ќе игра во Индонезија

Јасмин Мециновиќ кој зад себе има девет настапи за младата селекција на Македонија кариерата ќе ја продолжи во тимот на Перселоа Лемонган во Индонезија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за играч роден на 22 октомври 1990 година кој игра како стопер. За Мециновиќ ова ќе биде 16. клуб во кариерата.

Индонезија е невобичаена дестинација за нашите фудбалери, претходно на егзотична дестинација трансфер направи Влатко Дробаров кој кон крајот на минатата година потпиша за Керала од Индија.

Во Македонија Мецеиновиќ настапуваше за Скопје, Македонија Ѓ.П, Турново, Ренова и Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…